Африм Ќоку

Директор на Државен Девизен Инспекторат

Африм Ќоку е роден на 15 април 1981 година во Охрид. Основното училиште го завршил во училиштето „Братство Единство“ во Охрид, гимназијата „Нико Нестор“ – Струга. Во 2007 година се запишал на Правниот факултет на ЈИЕ Универзитетот, каде дипломирал во 2011 година.
Во 2018 година го положил Правосудниот Испит.

Од 2004 година е вработен во Основниот Суд Охрид како референт, од 2011 година како независен службеник-раководител на Одделот за Извршување на Санкции. Во периодот од 2011 до 2013 година бил член на Управниот Одбор на Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“, од 2017 до 2018 година како Заменик Претседател на Управниот Одбор на ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Како член на Здружението на Судската Администрација и како Претседател на Охридската Подружница од 2013 година активно учествувал на неколку обуки, работилници, конференции, во изработката на Законот за Судската Служба, како и во други проекти за зајакнување на судството во соработка со проектот на УСАИД.